Градежните работи за изградба на гасоводната магистрална мрежа во земјата се очекува да започнат во првиот квартал од наредната година, најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, реферирајќи пред членовите на Владата на отворената седница. Пред три дена заврши мисијата од компанијата Стројтрансгас". Ги договоривме сите детали и останува уште едно отворено прашање кое тие треба да го надминат со нивното Министерство за финансии, кое очекуваме да биде затворено до крајот на оваа година. Очекуваме оваа година или на почетокот на наредната да добиеме и финансиска понуда. Значи реално би било, како што и претходно најавивме, во првиот квартал од наредната година да започнат градежните работи за изградба на гасоводната магистрална мрежа од Клечовце, се до ТЕЦ Неготино.
Градежните работи за изградба на гасоводната магистрална мрежа во земјата се очекува да започнат во првиот квартал од наредната година, најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, реферирајќи пред членовите на Владата на отворената седница.
- Пред три дена заврши мисијата од компанијата Стројтрансгас". Ги договоривме сите детали и останува уште едно отворено прашање кое тие треба да го надминат со нивното Министерство за финансии, кое очекуваме да биде затворено до крајот на оваа година. Очекуваме оваа година или на почетокот на наредната да добиеме и финансиска понуда. Значи реално би било, како што и претходно најавивме, во првиот квартал од наредната година да започнат градежните работи за изградба на гасоводната магистрална мрежа од Клечовце, се до ТЕЦ Неготино - изјави Јанакиески.
Вториот дел, односно изградбата на гасификациска мрежа од ТЕЦ Неготиноо па се до РЕК Битолаа, изградба на гасификациска мрежа од Скопје па се до Гостивар, Македонија ќе го работи со Европската банка за обнова и развој.
- На последната седница на Влада го одобривме договорот за консултант. Очекувам на почетокот на месец декември тој да биде потпишан. Обврска на консултантот е во максимален период од четири месеци да направи анализа на целокупната документација што ја имаме изработено како Влада и да види дали нешто во таа документација треба да се подобри. Доколку добиеме одобрување дека целокупната документација, согласно правилата на ЕБРД тогаш заедно со Министерството за финансии би започнале постапка за преговарање на обезбедување средства за изградба на вториот дел од гасификациската мрежа - нагласи Јанакиески.
Тој информираше дека речиси 90% од експропријацијата е завршена.
- Очекувам во декември целосно да завршиме со експропријацијата, а тоа е основ и да се издаде одобрение за градење. Наша обврска кон Руската федерација е да ги обезбедиме сите документи до одобрение за градење - изјави Јанакиески.